Барселона се збогува од две ѕвезди, па ја избриша објавата! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона веќе со години има сериозни финансиски проблеми и поради тоа не може да реализира големи трансфери и постојано бара нови решенија.

Барселона дел од фудбалерите ангажира на позајмица, а меѓу нив беа Жоао Феликс и Жоао Кансело, на кои им заврши позајмицата и повеќе не се членови на каталонскиот клуб.

Екипата од „Камп Ноу“ се збогува со фудбалерите, а потоа ја избриша објавата на социјалните мрежи и тоа предизвика реакција од навивачите.

Феликс сакаше да остане во Барселона, но Каталонците мора да платат многу пари за неговите услуги.