Барселона серизно загриза за фудбалерот на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Челси и репрезентативец на Шпанија, Цезар Аспиликуета е голема желба на Барселона, соопшти АС.

Шпанскиот весник соопшти дека каталонците него го гледаат како идеална замена за Дани Алвеш кој се пресели во Јувентус.

Барселона во доведување на десниот бек ќе има конкуренција како Баерн Минхен, ПСЖ и Атлетик Билбао.

Барселона покажа прво сериозен интерес за Белерин од Арсенал, но од лондонскиот клуб порачаа дека тој не е на продажба и ги натера каталонците да се насочат кон друг фудбалер, а тоа е Аспиликуета за чии услуги ќе издвојат 18 милиони евра.

Во текот на својата кариера Аспиликуета има играно за Осасуна и Олимпик Марсеј, а во 2012-та стигна во Челси.