Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Екипата на Барселона славеше во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул со 3:0.
„Каталонците“ до убедливата победа и огромната предност пред реваншот во Ливерпул ги предводеше неверојатниот Меси кој постигна два погодоци.
Во 25. минута Суарез го отвори резултатот и го прослави погодокот против својот некогашен тим. До крајот на првиот дел Ливерпул имаше шанса преку Садио Мане, но на пауза се замина со 1:0 за Барселона.
Во продолжение гостите од Ливерпул беа подобри, а одлични шанси имаа Вијналдум, Милнер и Салах, но не можеа да го совладаат херојот Тер Штеген.
Во 75. минута Меси го зголеми водството на 2:0, а потоа во 81. минута истиот играч со неверојатен гол од слободен удар го постави конечниот резултат.
Три минути подоцна Салах погоди статива и пропушти прилика колку толку да ги зголеми надежите на Ливерпул во пресрет на реванш средбата на „Енфилд“.