Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лаутаро Мартинез својата кариера наредното лето можно е да ја продолжи во Барселона.
Одличниот аргентински напаѓач оваа сезона игра одлично во дресот на Интер. Посебно ги импресионираше водечките луѓе од Барселона кои нема да штедат пари за да го ангажираат овој 22 годишен напаѓач.
Како што наведува шпанскиот магазин АС, Барселона наредното лето ќе ја активира клаузулата од 111 милиони евра, која ќе важи во првите две недели во јули.
На Камп Ноу во аргентинскиот фудбалер гледаат идеална замена за Луис Суарез. Уругваецот е веќе во „доцните“ години од својата кариера (33) и многу лесно може баш Лаутаро да биде замена за него.
Мартинез и оваа сезона игра одлично во дресот на Интер. Има одиграно вкупно 21 натпревар и има постигнато 13 погодоци проследени со четири асистенции.