Барселона вчера купи анонимус, но тој всушност да ти бил – син на агентот на Де Јонг! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера го потврди трансферот на младиот Мајк ван Бејнен, а тоа што е интересно за него е дека неговиот татко е всушност фудбалски менаџер и тоа на, не било кој, туку на Френки де Јонг.

Ван Бејнен вчера беше претставен во Барселона, па тој потег многумина ги изненади фановите на Каталонците, кои не го познаваа 20-годишниот десен бек, но денеска шпанските медиуми открија дека тој му бил син на агентот на Де Јонг, па се поставува прашањето дали тука има некоја поврзаност.

„Скај Спорт“ пишува дека неговиот татко е Али Дурсун, менаџерот на Френки де Јонг, а интересно е тоа што Ван Бејнен и Де Јонг играле заедно и во младинскиот тим на Вилјем Втори.

Сега повторно ќе играат за исто клуб, но Де Јонг ќе биде ѕвезда на Барселона, додека другиот ќе настапува во Барселона Б.