Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Барселона оваа сезона игра фантастично иако летово скоро и да не го менуваше играчкиот кадар. Финансиите се уште се голем проблем за Каталонците, а утринава се појави информација дека клубот би можел да го продаде еден од најважните играчи во тимот само за да најде решение.
Последниот трансфер период Барселона успеа да го доведе само Дани Олмо од Лајпциг за 60 милиони евра, но и со Шпанецот имаа проблеми околу регистрацијата поради што тој пропушти неколку натпревари во Ла Лига.
Барса успеа да го регистрира Олмо откако се повреди Андреас Кристенсен, и на негово место на крајот „влета“ репрезентативецот на Шпанија.
Меѓутоа, пред неколку дена се појави информација дека регистрацијата на Олмо трае само до крајот на оваа година и дека е неизвесно дали Барселона ќе успее да го регистрира за настапи во вториот дел од сезоната.
Веќе се шпекулира за тоа од кого Ханси Флик би можел да се откаже во зима и да го пушти клубот да го продаде, а еден од нив би можел да биде токму и Кристенсен кој долго време го нема поради повреда и тоа во играта на Барса скоро и да не се почувствуваше.
Но, утринава шпанските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да направи вистински хаос и да продаде еден од најважните играчи во тимот.
Станува збор за Жил Кунде кој оваа сезона е играч со најмногу одиграни минути, и одлично настапува на позицијата десен бек.