Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците го искористија гостувањето во Интер и за друга работа
Барселона оваа седмица во Милано одржа состанок со претставници на Сасуоло, а тема беше играч од овој тим, Жереми Бога.
Како што наведува Диарио Спорт, Каталонците ја искористија приликата во Милано и беа дојдени за да одиграат натпревар во рамките на Лигата на Шампионите против Интер, но се сретнаа и со спортскиот директор на Сасуоло, Џовани Карневели.
Жереми Бога има 22 години и игра на позицијата лево крило, а оваа сезона со Сасуоло има одиграно 14 натпревари и има постигнато 4 погодоци и со тоа привлече големо внимание кон себе.
Тој во јули изминатата година стигна од Челси во Сасуоло за 3 милиони евра и тука се наоѓа потенцијалниот проблем за Барселона.
Имено, Челзи има опција да го откупи назад за 4 милиони евра и покрај тоа што во три сезони изминати на Стемфорд Бриџ тој одигра само еден натпревар.