„Барселона знае каква штета ни направи, правилата не се фер…“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона пронајде принудно засилување во нападот и тоа од Леганес, а изборот падна на Мартин Брајтвајт, кој доаѓа како замена за Осман Дембеле, кој мора да паузира шест месеци.

Леганес веднаш побара од Ла Лига да им дадат дозвола да купат ново засилување, но тоа беше одбиено, по што се изнервира претседателката на клубот Виториа Павон, но и генералниот директор Марин Ортега.

„Тоа е нешто што веќе можевме да го предвидиме и сигурно ни наштети. Нема ништо повеќе што да кажеме. Само Барселона знае колку ни наштети затоа што го купи Брајтвајт“, кажа Павон.

Ортега од друга страна кажа дека алтернативните регулативи се штетни за интегритетот на натпреварувањето и се против сите клубови.