Барсеона го продаде, па сега сака да го врати назад


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона знае да направи по некоја грешка на трансфер-маркетот, а тоа освен со Нејмар, го направи и со Малком.

Каталонците имаат проблеми во нападот, па потребно е освежување за екипата на Ернесто Валверде.

Искусниот тренер наводно сака да врати фудбалер, кој минатата сезона го носеше нивниот дрес, а тоа е Малком.

Малком сега е член на Зенит, кој го купи од Барселона за 40 милиони евра со дополнителни бонуси, а токму тој е идеален за нападот на екипата.

„Добив пораки за потенцијално враќање во Барселона. Секогаш кога добивав шанса да играм, мислам дека се покажав добро“, порача фудбалерот.