Бартомеу тврди една работа, Ривалдо сосема друга: ВАР или недостаток на квалитет?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трката на Реал Мадрид и Барселона за титулата во Шпанија продолжува, но има се повеќе ’психолошки војни’, сè повеќе критики, а повеќето од нив го користат ВАР или судиите за да добијат алиби за слабите резултати.

Иако е точно дека ВАР целосно знаеше да потфрли на некои натпревари на Барселона и Реал, поранешниот ас на Каталонците Ривалдо смета дека ова не е најголемиот проблем на Барселона и дека проблемите се кријат на „Камп Ноу“.

Во моментов Реал има предност од еден бод во однос на Барселона, но може да ја зголеми доколку го совлада Алавес на „Сантијаго Бернабеу“.

„Се чувствувам лошо затоа што ја имаме најдобрата лига во светот и ВАР по коронавирусот не е фер“, рече неодамна Бартомеу.

Ривалдо смета дека недостатокот на квалитет е најголемиот проблем во моментот за Барселона и дека ова е единствената причина зошто Реал го презеде водството.

“Понекогаш имате право да се чувствувате вознемирено во врска со судиските одлуки или ВАР одлуките, но јас не се согласувам со тврдењата на претседателот на Барса, Жозеп Марио Бартомеу, дека постои пристрасност кон Мадрид. Бартомеу едноставно се обидува да ги одвлече вниманието на медиумите од проблемите на неговиот клуб. Барселона сè уште се бори за титулата во лигата и во Лигата на шампиони, но ова не е добро време за клубот. Бартомеу се обидува да искористи работи како ВАР за да се оправда пред навивачите и да се преправа дека проблемите на неговиот клуб не се вина на играчите или на менаџерот. Според мене, ВАР или какви било судиски одлуки не се главниот проблем на Барселона, туку исклучиво недостигот на квалитет. На Барса му недостасува стилот на игра според кој е препознатлив во светот. Тимот не игра добро и нема никаква врска со ВАР “, вели Ривалдо.