Батлер не се откажува – знае како може да го совладаат Лејкерс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекот на Мајами хит, Џими Батлер го коментираше тесниот пораз во четвртиот меч од финалето на НБА-лигата од Лос Анџелес Лејкерс.

Лејкерс славеше со 102-96 и поведе со 3-1 во серија, па сега им треба само еден триумф за да ја освојат титулата.

„Тоа е во ред. Знаеме дека мора да бидеме подобри. Покажавме дел од тоа, а потоа направивме грешки во одбраната или нападот и на крајот самите себе се победивме. Но, како што велам секогаш, тие се многу добар тим, мора да одиграме совршено за да ги победиме“, вели Батлер.

Мајами првпат сезонава се соочува со елиминација.

„Немаме многу избор. Не ни се случи ова претходно. И понатаму имаме надеж и понатаму ќе се бориме до крај“, додаде Бем Адебајо.