Бејл донесе конечна одлука – нема да замине во МЛС и не сака да се пензионира!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл донесе одлука за продолжување на кариерата по една сезона мината во Тотенхем.

Иако се шпекулираше за заминување во МЛС-лигата, како и пензија, сепак Бејл планира да игра за шпанскиот тим до крајот на неговиот договор, односно јуни 2022 година.

Со заминувањето на Зинедин Зидан, Бејл треба да добие поголема минутажа кај Карло Анчелоти, кој го донесе во тимот уште во 2013 година.

Засега не е познато дали „кралевите“ се обидуваат да го продадат Бејл поради неговата висока плата од 600.000 фунти неделно, но со оглед на тоа дека му завршува договорот за една година, тие не би можеле многу да заработат на негов трансфер.

Бејл за „кралскиот клуб“ одигра 251 меч и постигна 105 голови и 68 асистенции, а со тимот освои и 13 трофеи.