Бејл е херој: Лос Анџелес стана шампион во МЛС-лигата! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес ја освои МЛС-лигата во САД, откако во драматично финале ја реши Филаделфија по изведување на пенали.

Регуларните 90 минути завршија 2-2, по што во продолженијата паднаа уште по еден гол на двете страни, а Герет Бејл прво го спаси Лос Анџелес со гол во 128. минута, а потоа од пенал му помогна да го освои трофејот.