Бејл нафрли, Мекејли ја погоди сопствената мрежа за 1/4 финале на Велс!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес со почеток од 18:00 се одигра 1/8 финалниот натпревар помеѓу Велс и Северна Ирска.

Уште еднаш Велс покажа дека ова Европско првенство се подготвени да одиграат важна улога, а вистински лидер на оваа генерација е големата ѕвезда на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Велс и Северна Ирска одиграа мирен изедначен натпревар без многу шанси, а пресуди квалитетот на најдобриот велшки фудбалер.

Бејл нафрли од левата страна, Мекејли не се снајде добро во шеснаесетникот и ја погоди сопствената мрежа во 75 минута од натпреварот.

До крајот Велс искусно го трошеше времето и на крајот дојде до пласман во 1/4 финалето.

Велс во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од натпревар помеѓу Белгија и Унгарија.