„Разочарани сме, но длабоко во себе сме среќни и силни поради поразот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Велс „прокоцкаа“ победа во дуелот со Англија, а најдобриот стрелец на тимот Бејл не го криеше разочарувањето поради поразот.

„Исклучително сум разочаран, но горд сум на се. Ако излеземе на терен, и дадеме 110 %  и немама за што да жалиме, тогаш тоа значи дека не можеше повеќе од тоа“, рече Бејл, па продолжи:

„Разочарани сме, но во длабочина сме среќни и силни. Уживаме во ова искуство, ни останува уште еден натпревар. Турнирот не е готов“, рече Бејл.