Бекам посакува три мега ѕвезди во Интер Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе на големо се шпекулираат имињата кои треба да го засилат новоформираниот тим Интер Мајами кој е во целосна сопственост на Дејвид Бекам.

Англичанецот како прв пик и како најреална опција го посочил Единсон Кавани кој влегува во последната година од договорот со ПСЖ и наводно бил отворен за премин во редовите на клубот од МЛС Лигата.

Вчера излезе информација дека Бекам ќе се обиде да го убеди и Луис Суарез, но тој можеби нема веднаш да го облече дресот на Интер Мајами.

Денес „Ел Конфиденшл“ пишува дека на листата на трансфер мети на Бекам се наоѓа и Герет Бејл кој се уште не е задоволен во Реал Мадрид и ќе ја бара секоја шанса за заминување од клубот.