Белгија има нов селектор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистински човек за ѓаволите?

Шпанецот, Роберто Мартинез е нов селектор на репрезентацијата на Белгија, соопшти белгискиот фудбалски сојуз.

Мартинез кој во мај беше отпуштен од Евертон после лошите резултати, на клупата на Белгија ќе го наследи Марк Вилмотс. Шпанецот во Евертон работеше со тројца белгијци, Маруан Фелаини, Ромелу Лукаку и Кевин Миралаш, па нема да му биде потребно многу време за да се адаптира. Неговото деби ќе биде на 1-ви септември против Шпанија во пријателски натпревар.

Роберто Мартинез во кариера беше тренер и на Свонси и Виган.