Белгиски репрезентативец се сомнева во регуларноста на ЕП: Тоа не е фер за никого!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгија во недела во Севиља ќе игра меч од осминафиналето на Европското првенство (ЕП) против Португалија, откако ја минаа групната фаза со три победи и максимални девет бодови.

Белгија мораше да патува на сите натпревари и искусниот 35-годишен стопер Томас Вермален смета дека тоа не е фер за никого.

„За жал, на овој турнир постојат репрезнтации кои сите натпревари ги одиграа на свој терен. Тоа не е фер. Ние моравме да патуваме, а тоа лошо влијае на нашето тело. Игравме двапати во Русија, па летавме три часа по меч. Мора да го прифатиме тоа, но не е фер“, вели Вермален.

Белгијците два меча одиграа во Санкт Петербург, па еден во Копенхаген, а сега мора да патуваат во Шпанија, каде што ќе играат со една од најдобрите репрезентации во светот.

Победникот на овој четвртфинален меч ќе игра против подобриот од мечот меѓу Италија и Австрија, а во тој дел од ждрепката се наоѓаат уште Франција – Швајцарија и Хрватска – Шпанија.