Белингам и Зидан со предлог до Перез за нов напаѓач на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира да ангажира нов напаѓач во летниот преоден рок, а многумина очекуваат тоа да биде Килијан Мбапе.

„Дефенса Сентрал“, сепак, пишува дека Перез добил предлог од Џуд Белингам и Зинедин Зидан да го купи Џејдон Санчо.

Санчо ја оживеа кариерата по враќањето во Борусија Дортмунд, откако имаше разочарувачки резултати во Премиерлигата.

Засега не е познато колку е Перез расположен за ваков потег, но останува да видиме што ќе се случи во следниот период.