Од Јунајтед до дното: „Требаше да останам кај родителите“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Брендон Вилијамс сака да ја оживее кариерата по турбулентниот период во кој, како што самиот признава, направил број сериозни грешки.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, кој одигра 51 натпревар за клубот, денес отворено зборува за проблемите што го оддалечија од фудбалот.

Минатата година беше осуден на 14 месеци затвор условно, со забрана на возење од три години и 180 часа општествено корисна работа, откако призна вина за опасно возење.

Во инцидентот во 2023-та година возел до 160 км на час во зона каде што ограничувањето било 115.

„Научив од грешките. Преземам целосна одговорност за сето што ми се случи. Секогаш си велам: сам се доведов во оваа ситуација и сам ќе се извлечам од неа“, рече Вилијамс.