Белингам исполни ветување кое го даде кога потпиша за Реал Мадрид (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вчера со своите навивачи ја прославија титулата во Ла Лига, а при прославата Џуд Белингам се најде во центар на внимание затоа што исполни ветување кое го даде кога пристигна во шпанскиот гигант.

Белингам им вети на навивачите и новинарите дека ќе се потруди да научи шпански јазик за да може до крајот на сезоната да дава изјави.

За време на вчерашната прослава новинар го праша Белингам да даде изјава на шпански и Англичанецот изненади со неговиот одговор.