Бенитез по пет години реши да ги открие лагите – зборуваше за Роналдо и Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез не остана долго на клупата на шпанскиот гигант, а денес работи во Кина и се потсети на некои моменти од „кралскиот клуб“.

Новинарите ги интересираа многу работи кои предизвикаа многу дилеми додека Бенитез беше тренер на Реал, а се спомнаа и имињата на Лука Модриќ и Кристијано Роналдо.

„Лага е дека Роналдо сум го учел да шутира слободни удари. Ниту во еден момент не го направив тоа. Уште една лага е тоа дека сум му забранил да шутира со надворешен дел од копачката. Вистина е само дека разговаравме за тоа, но не сум му дал никаква наредба“, кажа Бенитез.

Исто така, тој зборуваше и за фактот дека остана кратко на кормилото на „кралевите“.

„Во Реал го донесов Лукас Васкез, Касемиро и Матео Ковачиќ. Двајца од тие тројца се уште важни членови во клубот. Не ме пуштија да останам подолго во тимот поради некои причини“, открива тој.