Бенитез после 11 години повторно го доведува својот миленик


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летото 2005-та година го доведе на Енфилд, а сега би можел на Сент Џејмс Парк.

Англиските медиуми пишуваат, Рафаел Бенитез и Питер Крауч би можеле повторно да бидат заедно.

Крауч не е во прв план кај Хјуз во Стоук, а на Њукасл му треба напаѓач бидејќи Папис Сисе си замина.

Крауч во кариерата промени многу клубови, а пред доаѓањето во Ливерпул в0 2005-та година нигде не се задржа повеќе од 2 сезони. Играше за Тотенхем како тинејџер, но никогаш не дебитираше во ПЛ, а потоа играше за КПР, Портсмут, Астон Вила, Норич и Саутемптон.

После заминувањето на Бенитез, за Крауч немаше место во екипата, па следеше враќање во Портсмут, па две сезони во Тотенхем, а во 2011-та се пресели во Стоук.