Бензема е АПСОЛУТЕН РЕКОРДЕН: Ниту Меси ниту Роналдо не успеаа во оваа статистика…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карим Бензема синоќа со погодок во последните минути му обезбеди на Реал три бода против Хуеска.

Покрај победничкиот погодок, Бензема синоќешниот меч ќе го памети по тоа што се запиша во историјата на Ла Лига.

Имено, овој француски напаѓач стана првиот играч кој се запишал во листата на стрелците против сите тимови во Ла Лига, против кои играл во својата кариера.

Бензема во кариерата играл против 34 шпански екипи, и постигнал погодок против секој од нив.

Тоа не е успех дури ниту на Лео Меси кој стрелец беше на 38 од 40 екипи против кои настапувал. Кадиз и Мурсиа се екипите против кои Аргентинецот не се запишал во листата на стрелците.

Од друга страна, Кристијано Роналдо, кој во Реал Мадрид мина најголем дел од својата кариера беше стрелец против 32 од 33 тима. Единствен тим против кој не се запишал во листата на стрелците е Леганес.