Бензема е магионичар: Постигна два гола против Португалија во иста минута и секунда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светскиот шампион Франција заврши прва во најтешката група на Европското првенство (ЕП). „Триколорите“ за ремито против Португалија може да му се заблагодарат на Карим Бензема, кој постигна два гола против ривалот.

Напаѓачот на Реал Мадрид ја заслужи наградата за најдобар фудбалер на мечот, иако два гола постигна и Кристијано Роналдо.

Португалецот двапати стрелаше од белата точка, додека Бензема еден постигна од игра, додека другиот од пенал во завршницата на првото полувреме.

Вториот гол го постигна по една минута и 44 секунди од судиското надополнување на првото полувреме, а интересно е дека Бензема и во вториот дел постигна гол, и тоа по исто толку време, односно една минута и 44 секунди.