Бензема го стигна Раул, но Роналдо изгледа недостижно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Карим Бензема продолжи со одличната серија и постигна нов гол на мечот против Леванте (6-0), при што имаше и асистенција.

„Кралевите“ славеа со 6-0 во меч кој немаше голема резултатска важност за нив, а францускиот напаѓач го постигна 27. гол на 31 меч сезонава во Ла Лига, при што има и 12 асистенции.

Овој гол против Леванте му помогна да се израмни со легендарниот Раул и сега двајцата имаат по 323 гола, а пред нив е Кристијано Роналдо, кој делува недостижно.

Роналдо е на врвот со дури 450 постигнати голови, па во моментов не делува дека Бензема може да го стигне.