Бензема испрати емотивна порака до Зидан: Разочаран сум…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема беше еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид сезонава, но разочаран е затоа што тренерот Зинедин Зидан си замина од клубот.

Бензема реши да испрати порака до неговиот поранешен тренер и кажа дека е разочаран поради тоа што Зидан си заминал од Мадирд.

„Зидан секогаш ме поддржуваше и ми помагаше да го достигнам ова ниво. Ќе размислувам за него секој ден. Секако, разочаран сум што го напушти Реал Мадрид, тој е одличен тренер и има освоено многу трофеи. Животот продолжува понатаму…“, вели Бензема.

Французиот го напушти Мадрид, а засега не е познато кој ќе го замени на кормилото на Реал.