Бензема не доби повик во репрезентацијата, Зидан имаше интересен одговор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема се наоѓа во одлична форма за тимот на Реал Мадрид и во последните два меча им донесе шест бодови.

Ниту одличните настапи не му обезбедија повик во репрезентацијата на Франција за средбите од квалификациите, а во Реал се среќни поради тоа и свесни се колку им значи Бензема.

„За мене како тренер на Реал, подобро е Бензема да остане со нас. Мислам дека тоа е нормално и очигледно. Тој е неверојатен на тренерот, беше спектакуларен на последните натпревари“, кажа Зинедин Зидан.

Бензема во последните два меча постигна четири голови за „кралскиот клуб“, а Реал зад лидерот Атлетико Мадрид има четири бодови.