Бензема одговори на обвинувањата за аферата „оговарања“ која го потресе Реал Мадрид ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема предизвика бура на социјалните мрежи, откако со Ферланд Менди го оговараше младиот бразилски фудбалер Винисиус Жуниор.

Бензема на Менди му кажа да го игнорира Винисиус во фазата на нападот и топката да му ја додава само на него.

„Тој прави што сака. Додавај ми на мене. Тој игра против нас“, кажа Бензема, по што Менди навистина го намали бројот на испратени топки кон Винисиус.

По жестоките критики кои ги доби Бензема, тој преку Инстаграм објави слика од прослава на гол и интересна порака.

„Додека кучињата лаат, деветката си поминува“, напиша кратко Бензема.

Очигледно на францускиот фудбалер му стана сеедно тоа што сите пишуваат што стигнат за него, зашто претходно се соочуваше со слични ситуации во кариерата.