Бензема откри кој бил негов избор за „Златна топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Родри беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2024 година, односно ја доби „Златната топка“ која му беше доделена во Париз.

Реал Мадрид ја бојкотираше церемонијата поради тоа што сметаше дека Винисиус Жуниор требало да ја добие наградата.

За целата ситуација свој коментар даде и францускиот напаѓач Карим Бензема, кој кажа дека Винисиус ја заслужил наградата.

„Немам ништо против Родри, кој е одличен играч. Винисиус има направено многу повеќе успеси. Тој ја заслужува ‘Златната топка’. Тој е добро момче, ќе работи напорно и ќе победи“, кажа Бензема.