Бразил „гори“ поради најновите информации за Нејмар


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразил вечерва во 3. коло од Групата C ќе игра против Шкотска, а сè е поверојатно дека во тимот може да биде и Нејмар.

Најголемата ѕвезда на бразилската репрезентација, Нејмар, ќе му биде на располагање на селекторот Карло Анчелоти за последниот натпревар од групната фаза.

Бразил во последното коло од групната фаза на Светското првенство ќе се соочи со Шкотска, а постои голема можност на овој собир на најдобрите светски селекции првпат да го видиме и Нејмар.

Имено, некогашниот фудбалер на Барселона и ПСЖ се опоравил од повредата на листот поради која ги пропушти натпреварите со Хаити и Мароко.

Последните информации од бразилскиот табор велат дека Нејмар одработи тренинг со екипата без никакви проблеми, а Анчелоти во текот на денот ќе одлучи дали ќе смета на неговите услуги за натпреварот со Шкотска.

По две кола, Бразил поради подобра гол разлика се наоѓа на врвот на табелата на Групата C со освоени четири бода, колку што има и второпласираниот Мароко.