Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареска, објави познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.
Според информациите, „граѓаните“ ќе платат околу 20 милиони евра за да го ослободат италијанскиот стратег од обврските кон лондонскиот клуб. Мареска се очекува уште денеска да отпатува за Манчестер, каде што ќе стави потпис на тригодишен договор.
Ова претставува изненадувачки развој на настаните, со оглед на тоа што Мареска беше назначен за менаџер на Челси со амбиција да го предводи долгорочниот проект на клубот од „Стемфорд Бриџ“. Сепак, Манчестер Сити очигледно реши повторно да му укаже доверба на тренерот кој веќе беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола.
















