Бензема се враќа во репрезентација на Франција: Составот на Дешамп изгледа засташувачки!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Франција, Дидие Дешамп вечерва ќе го објави списокот со фудбалери кои ќе бидат повикани за настап на Европското првенство.

„Триколорите“ без дилема се едни од најголемите фаворити за освојување на златниот медал на ЕП, а очигледно и Дешамп е решен да го освои трофејот.

Француските медиуми објавија дека Дешамп решил да замине на ЕП во најсилниот состав, а тоа значи дека по шест години во репрезентацијата се враќа Карим Бензема.

Бензема е надвор од репрезентацијата од 2015 година, поради скандалот со Валбуена, но очигледно би можел да се врати летово во дресот на неговата татковина.

Составот на Франција ќе биде ептен опасен доколку се врати и Бензема, а може да го погледнете во продолжение.