Бензема знае каде ќе ја продолжи кариерата кога ќе го напушти Реал Мадрид?

Карим Бензема игра одлично во нападот на Реал Мадрид повеќе од една деценија. Тој пристигна во шпанскиот шампион во 2009 година за сума од 35 милиони евра.

Овој 33-годишен фудбалер има договор со Реал до 2022 година и шпанските медиуми пишуваат дека Французинот потоа ќе си замине и ќе му го препушти местото во нападот на некој помлад фудбалер.

На таа тема зборуваше и агентот на Бензема, Карим Џазири, кој кажа каде ќе заигра францускиот фудбалер.

„Мислам дека ќе се врати во Лион. Никогаш не играл на стадионот, кој беше отворен во 2016 година и негова желба е да се врати дома и да ја заврши кариерата“, вели Џазири.