Бербатов даде посебни комплименти за Панчев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Димитар Бербатов е еден од најдобрите бугарски фудбалери во историјата, а своите најдобри денови ги помина во Манчестер јунајтед.

Бугаринот откри дека негов најголем идол во минатото бил поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев.

Бербатов во интервју за српски „Спортал“ кажа дека негов омилен фудбалер му бил „Кобрата“ поради начинот на кој ги матирал противничките голмани.

„Ако се вратиме во минатото, еден од моите најомилени фудбалери е Дарко Панчев. Немам зборувано за него, но тој човек беше неверојатен. Постигнуваше голови на секаков начин и ми беше омилен поради тоа“, кажа Бербатов.