Бербатов прогнозира четири гола на дербито на „Итихад“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот меѓу Манчестер сити и Ливерпул ќе биде најинтересен во 13. коло од Премиерлигата, а за истиот своја прогноза даде поранешниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов.

Дербито е закажано за 13.30 часот, а Бербатов вели дека ќе бидат постигнати дури четири погодоци на „Итихад“.

„Имам чувство дека Сити ќе го победи Ливерпул овој викенд затоа што нивниот квалитет е поголем. Ливерпул има проблеми во одбраната, па тоа ќе го искористи тимот од Манчестер сакам да кажам дека ќе биде нерешено, меѓутоа сметам дека победата ќе му припадне на Сити со 3-1“, вели Бербатов.