Бербатов со интересна споредба: Манџукиќ во Јунајтед може да биде како Ибрахимовиќ…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов верува дека Марио Манџукиќ може да биде сличен како Златан Ибрахимовиќ доколку се одлучи да потпише за „црвените ѓаволи“.

Бербатов посочи дека Манчестер мора да тргне по искусниот Манџукиќ кој би помогнал на помладите фудбалери во клубот.

„Златан имаше 34 години кога потпиша за Манчестер Јунајтед и немаше никакви проблеми. Манџукиќ е во слични години и се надевам дека ќе го има истото влијание . Мислам дека неговите години се добар фактор, Марсијал, Рашфорд и Гринвуд се млади играчи па им треба време  и мора да бидат сигурни дека нема да се грижат затоа што може само да научат од искуството на Манџукиќ“ –изјави Бербатов.