Бербатов зборуваше за Јунајтед: Се чувствувам пос*ано кога ќе го видам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера славеше против Норвич со 3-1 во десетото коло од Премиерлигата и се искачи на седмата позиција, а тоа им беше втора победа во минатата недела, откако славеа и во Лига Европа против Партизан со 1-0.

Но настапите на избраниците на тренерот Оле Гунар Солскјер не се убедливи, а тоа го мачи и поранешниот напаѓач на клубот, Димитар Бербатов.

„Сите знаеме каде Јунајтед се наоѓа во моментов и никој не сака да ги види таму. Се чувствувам пос*ано поради тоа, тоа на никого не му е добро. Мислам дека никој кој е поврзан со клубот не сака да ја гледа табелата во момент кога ќе видите каде е клуб од калибарот на Јунајтед, еден од најголемите тимови во светот“, вели Бербатов.