Бернардо Силва сака да премине само во еден клуб, дали е тоа (не)возможно?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и неговата желба повторно е – Барселона.

Доверливи извори од Каталонија откриваат дека Жорже Мендеш сака да го заврши овој трансфер и да го искористи неговото познанство и пријателство со Жоан Лапорта, иако играч од средината не е приоритет во летниот преоден рок.

Конкуренцијата во средниот ред е огромна, но некои извори наведуваат дека постојат добри причини поради кои Барселона на крајот може да “попушти”. Марк Касадо заминува ова лето, Барселона може да заработи чист прием бидејќи тој е производ на “Ла Масија”, додека не е невозможно Фермин Лопез по потреба да игра и на левото крило, па во тој случај добро би дошол уште еден играч во ротацијата.

Се вели дека Силва би била идеална замена за Педри, кој во текот на сезоната беше уморен, во еден момент и повреден, и за него едноставно нема вистинска замена во овој тим. 

Трето, Силва е играч кој може да игра на буквално сите позиции во средниот ред, претходно кај Пеп играл десно крило што му беше и примарна позиција, но потоа се профилираше како универзален среден играч.