Беше меѓу клучните играчи на Сити во неверојатната сезона, но за него нема место во составот на Дешамп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ајмерик Лапорте со Манчестер Сити ги освои сите титули во Англија и играше значителна улога во сите натпреварувања, но тоа не беше доволно за да се најде на списокот на селекторот на Франција Дидие Дешамп.

Дешамп го објави списокот на повикани фудбалери во пресрет на натпреварите со Турција и Андора, а во него го нема фудбалерот кој освои Премиер лига, ФА Куп и Лига Куп со Манчестер Сити.

И покрај тоа што долги години е во врвот на европскиот фудбал, Ајмерик Лапорте се уште нема официјален деби настап за репрезентацијата на Франција.