Без многу квалитет: Симонс го освои натпреварувањето во забивање на Олстарот 🎥

Кошаркарот на Портланд, Енферни Симонс е победник во натпреварување во забивање на НБА Олстарот во Атланта.

Симонс беше подобар од конкуренцијата, а забивањето беше одржано на полувремето на Олстар-мечот.

Судиите имаа висок критериум, па натпреварувачите во забивање не се прославија баш во финалната серија, а Симонс на крајот го доби трофејот.