Без промени на АТП-листата: Ѓоковиќ остана седми, Алкараз сè уште е лидер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа седмото место на АТП-листата, која беше објавена денеска, додека на прва позиција се наоѓа Карло Алкараз.

Ѓоковиќ на седмото место има 3.570 бодови, додека Алкараз е убедливо прв со 6.740 бодови, додека зад него следат Каспер Руд со 5.850 бодови, Рафаел Надал со 5.810, Данил Медведев со 5.065, Александер Зверев со 5.040 и Стефанос Циципас со 4.810.

Во топ-10 се наоѓаат уште и Камерон Нори со 3.550 бодови, Андреј Рубљев со 3.390 и Јаник Синер со 3.200 поени.