„Без разлика дали ви се допаѓа, Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата“

Поранешната австриска тенисерка Барбара Шет верува дека Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде најдобар играч во историјата, зашто ќе го урне рекордот по број на освоени гренслем-турнири.

Ѓоковиќ сезонава ги освои Австралијан опен, Ролан Гарос и Вимблдон, а на Ју-Ес опен ќе се обиде да ги комплетира сите трофеи од гренслем-турнирите. Последен на кој му успеа тоа е Род Лејвер во 1969 година.

Србинот ќе се обиде да го урне и рекордот по број на освоени титули, а засега се израмнети со Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Ѓоковиќ ќе биде најдобар во историјата. Без разлика дали ви се допаѓа или не. Ако го освои Ју-Есс Опен ќе има најмногу гренслем-титули. Мислам дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден трофеј, а тешко дека ќе му успее такво нешто и на Надал“, вели поранешната тенисерка.