Безобразен потег: Турчин плукна ривал додека лежеше на теренот (ВИДЕО)

Шалке ја продолжи мизерната форма во Бундеслигата и запиша нов пораз од 1-3 против Вердер Бремен, но во средината на првото полувреме се случи грда сцена на натпреварот.

Во главна улога беше турскиот фудбалер, кој го носи дресот на Шалке, Озан Кабак, кој најпрво направи прекршок врз противнички фудбалер, а потоа реши и да го плукне додека тој лежеше на подот.

Веднаш доби осуди од страна на јавноста поради неговиот безобразен потег, а се очекува да видиме дали и клубот ќе го казни.

Schalke’s Ozan Kabak spits at an opponent after fouling him. from r/soccer