„Би-би-си“: Челси ќе биде исфрлен од Лига на шампиони

Челси ја заврши сезоната на третото место во Премиерлигата, откако фудбалерите на Томас Тухел не успеаа да им се приближат на Манчестер сити и Ливерпул во битката за титулата.

Премиерлигашот со освојување на третото место обезбеди пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), но ситуацијата е комплицирана и Челси би можел да биде исфрлен од елитата.

„Би-би-си“ објави дека газдата на Челси, Роман Абрамович решил да ја стопира продажбата на клубот, меѓутоа тоа не е единствен проблем.

Британската влада е подготвена да прифати реализирање на продажбата на Челси, но португалските министри исто така треба да дадат согласност за тоа, зашто Абрамович наводно имал и португалски пасош.

Во моментов се преговара и со Владата на Португалија, но и Европската комисија, па сите политички тела мора да ја прифатат трансакцијата најдоцна до почетокот на јуни.