Биелса се сели во Шпанија и ќе си го земе Гризман!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетик Билбао наскоро ќе добие нов тренер, а еден од кандидатите за таа позиција е Марсело Биелса, поранешниот тренер на Лидс и Езгјан Алиоски.

Биелса има своја историја во Баскија, кој го тренираше Атлетик Билбао од 2011 до 2013 година, а негова желба е веднаш да го ангажира Антоан Гризман.

Гризман се прослави во Сан Себастијан, односно Реал Сосиедад, по што се пресели во Атлетико Мадрид и стана голема ѕвезда.

Гризман и следната сезона игра на позајмица во Атлетико од Барселона, а доколку Биелса пристигне на тренерското столче на Атлетик Билбао, тогаш тоа би можело да се промени.

Францускиот репрезентативец во 2022 година постигна само еден гол и е далеку од неговата препознатлива форма.