„Билд“: Алаба ќе ја соопшти најважната одлука и ќе избере нов клуб!

Германски „Билд“ објави дека Давид Алаба дефинитивно ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната кога ќе заврши неговиот договор.

Желбата на Алаба беа Реал Мадрид или Барселона, а „кралевите“ се потрудиле повеќе од нивниот вечен ривал кој немаше доволно финансии да ги задоволи неговите апетити.

Засега не е 100% сигурно каде ќе ја продолжи кариерата Алаба и за него заинтересирани се уште и Челси, Ливерпул и Манчестер сити, но неговата желба е да се пресели во Шпанија.

Тоа значи дека Алаба денеска ќе ги разгледа опциите и како што објави „Билд“, ќе ја соопшти конечната одлука за тоа каде ќе игра следната сезона.