Биното се врати во Ф1 – ќе го води проектот на Ауди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот шеф на Ферари, Матија Биното се враќа во Формула 1 откако потпиша договор со германскиот производител на автомобили Ауди.

Ауди се подготвува да го преземе Заубер, а Биното ќе биде на чело на проектот на компанијата во „најбрзиот циркус“ во светот.

Биното ќе почне со ангажманот на 1 август, а наскоро треба да се соопштат и возачите на тимот, меѓу кои еден би можел да биде Карлос Саинц.