Битка на гигантите: Милан и Интер во борба за ѕвезда на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона ја освои титулата во шпанската Ла Лига минатата сезона, но не се задоволни затоа што тоа не е доволно за каталонскиот клуб. Тие во финалето од шпанскиот Куп загубија од Валенсија, а во полуфиналето на Лигата на шампиони доживеаа потоп од Ливерпул.

На „Камп Ноу“ најавија реконструкција на екипата, па се споменуваат големи имиња, кои би можеле да пристигнат во Барселона, а меѓу нив е и Нејмар, но неколку фудбалери ќе мора и да заминат.

Еден од нив е Артуро Видал, кој е на праг да замине од Каталонија, а за неговиот потпис се борат гигантите од Милано, односно Милан и Интер, а засега не се открива колку пари се подготвени да понудат за неговите услуги.

Чилеанецот пристигна лани во Барселона за 18 милиони евра од Баерн Минхен, а на 53 меча во каталонскиот гигант постигна три гола и седум асистенции.