Битка на гигантите: Реал Мадрид ќе се бори со Барселона за ѕвезда на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид и Барселона ги разгледуваат опциите да го ангажираат напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг во своите редови.

Напаѓачот на „топчиите“ има договор до 2021 година, а наводно веќе неколку пати одбил да ја продолжи неговата соработка со англискиот премиерлигаш.

Шпанците тврдат дека Реал Мадрид е подготвен да плати повеќе од 70 милиони евра за трансферот на Обамејанг.

Сепак, во борба за неговиот потпис е вклучена Барселона, која е заинтересирана за потписот на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Да потсетиме, Обамејанг стигна во Арсенал во јануари 2018 година од Дортмунд за речиси 65 милиони евра, а од тогаш одигра 78 меча за „топчиите“ и постигна 50 голови.